12.06.2023 Скопје
Речиси половина од американските граѓани веруваат дека обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп од страна на американските федерални власти е политички мотивирано.
Овој резултат произлегува од анкетата што ја спровеле националната телевизиска станица и компанијата за истражување на јавното мислење „Ипсос“, по формулацијата против Трамп од 37 обвиненија за доверливите претседателски документи што поранешниот претседател од Белата куќа ги преселил во својата приватна резиденција во Мар-а-Лаго.
Вкупно 45 отсто од учесниците во анкетата се изјасниле дека се убедени дека обвинението крие политички напад врз поранешниот претседател, додека пак 37 отсто го изразиле спротивното мислење, а 16 отсто од учесниците изјавиле дека не можат да се изразат самоуверено.
Повеќето републиканци, „80 проценти“, истакнаа дека се убедени дека обвинението против Трамп е всушност политички напад, а од демократските гласачи само 16 отсто го делат тој став.
Подготвено од М.Н.