rusija se snabduva so poluprovodnici preku treti zemji

19.06.2023 Скопје

Полупроводниците произведени од јапонски компании продолжуваат да се влеваат во Русија и покрај санкциите донесени по инвазијата на Украина. Според аналитичарите, Русија ги заобиколува забраните за директен увоз користејќи трансакции преку трети земји, во ситуацијава Кина.

Локалните медиуми според добиените информации изјавија дека, податоци од руските царински власти се испитувани од индиската истражувачка компанија „Export Genius“, односно испитувани се увозните записи за периодот од 24 февруари 2022 година до 31 март.

Анализата на трансакции во вредност од 50.000 долари или повеќе го наведе „Nikkei“ да идентификува најмалку 89 набавки што им се припишуваат на јапонските производители на чипови, за вкупно над 2 милиони единици и вкупна вредност од приближно 11 милиони долари.

Аналитичарите велат дека повеќе од 70 отсто од трансакциите се одвивале преку Кина, вклучително и регионот на Хонг Конг, но поминале и Јужна Кореја и Турција.

„Nikkei“ претходно предупреди дека полупроводниците произведени во САД стигнуваат до Русија преку посредници во Хонг Конг и на други места во светот.

Подготвено од М.Н.

About Author