23.06.2023 Скопје
Јапонската влада денеска го демантираше американскиот претседател Џо Бајден, за тоа дека одлуката на Токио значително да го зголеми буџетот за одбрана е резултат на напорите за убедување на шефот на Белата куќа.
Реткото јавно изразување на несогласување меѓу двајцата сојузници доаѓа по изјавите на Бајден на изборен настан во Калифорнија оваа недела, за време на кои американскиот претседател го спореди својот кинески колега Си Џинпинг со „диктатор“, што предизвика остра реакција од Пекинг.
За време на настанот, Бајден, исто така, го припиша „експоненцијалното“ зголемување на буџетот за одбрана што го одреди Токио минатата година на неговото лично влијание, тврдејќи дека јапонскиот премиер Фумио Кишида одлучил да додели повеќе средства за вооружените сили откако разговарал со него во три различни прилики.
Портпаролот на јапонската влада, Хироказу Мацуно, на денешната прес-конференција одговори со остар демант, оценувајќи ги изјавите на претседателот на САД како „лажни“ и додаде дека изјавите на Бајден ја оставиле третата азиска сила збунета поради нивната „нејасна намера“.
Владата на премиерот Кишида минатиот декември одлучи речиси двојно да го удвои јапонскиот одбранбен буџет на 2 отсто од бруто домашниот производ до март 2028 година, во согласност со целите за трошење на земјите-членки на НАТО.
Подготвено од М.Н.