12.06.2023 Скопје
Токио падна од петтото на 21-во место меѓу главните финансиски центри во светот од 2016 година до денес. Глобалниот индекс на финансиски центри (GFCI) го рангираше Токио на 21-то место, а Токио ја нарече ранг-позицијата „разочарувачка“, додавајќи дека рангирањето објективно го одразува нивниот меѓународен статус.
Од GFCI двапати годишно објавуваат извештаи од ранг листите во кои се одразуваат низа фактори како што се деловното опкружување, човечкиот капитал и развојот на финансискиот сектор. Позицијата на Токио во рангирањето драстично падна во последните месеци, каде само минатиот септември градот беше на 16-та позиција. Сегашното рангирање ги става Њујорк, Лондон и Сингапур на врвот на главните финансиски центри на светот, а Токио е осми меѓу финансиските центри на Азија-Пацификот.
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги ажурираше своите прогнози за перформансите на јапонската економија. Бруто домашниот производ на третата по големина светска економија се очекува да порасне за 1,3 отсто оваа година и 1,1 отсто во 2024 година.
Домашната побарувачка ќе го поттикне растот благодарение и на мерките за поддршка на семејствата и зголемувањето на трошоците за одбрана. Понатаму, според ОЕЦД, базичната инфлација во Јапонија ќе се зголеми до 2 отсто поради зголемувањето на минималните плати.
Јапонската економија постигна сезонски прилагоден реален раст од 1,6 отсто во првите три месеци од 2023 година, благодарение на солидната домашна потрошувачка и прогресивното укинување на мерките за ограничување на пандемијата „Ковид-19“.
Подготвено од М.Н.