Image by frimufilms on Freepik

22.06.2023 Скопје

Доколку трговскиот договор за Брегзит не се промени, извозот на електрични автомобили од Европската унија во Велика Британија ќе е доведен во прашање.

Трите најголеми светски производители на автомобили ја повикаа британската влада да отвори преговори за нови правила со кои ќе се воведат царини од 10 отсто за извозот во ЕУ доколку 45 отсто од вредноста на електричното возило не е од ЕУ или Велика Британија.

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) рече дека сегашните правила ќе значат повеќе од 3 милијарди евра дополнителни трошоци за индустријата на ЕУ. Извозот на електрични возила од ACEA во Велика Британија се проценува на околу 4,3 милијарди евра во 2022 година.

„Очекуваме вкупната продажба да биде околу 25 до 30 милијарди евра до 2026 година“, рече Џонатан О’Риордан, директор за меѓународна трговија на ACEA.

Царината од 10 отсто би ги зголемила трошоците на три милијарди евра, кои би биле пренесени на потрошувачите и апсорбирани од индустријата.

Тоа би значело дека електричните возила увезени од ЕУ, кои многумина веќе ги сметаат за претерано скапи, ќе чинат уште повеќе следната година. ЕУ воведе правило за потекло за да ја поттикне трговијата со електрични автомобили.

Минатиот месец британскиот автомобилски гигант Stellantis, кој е одговорен за 14 марки, вклучувајќи ги Vauxhall и Jeep, предупреди дека можеби ќе мора да ги затвори своите операции во Велика Британија поради губење на неколку илјади работни места доколку новото правило за потекло стапи на сила во јануари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author