13.06.2023 Скопје
Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, која се отвори на 20 април во „Кунстхале Виена“ и која посетители од целиот свет ќе можат да ја погледнат се до 28 јануари 2024 година, следната година ќе биде отворена и во Националната галерија во Прага.
По тој повод во МСУ- Скопје деновиве престојуваа Радослав Исток, куратор од Националната галерија во Прага и уметниците Изабела Гросеова и Јеспер Алваер.
Тие во соработка со кураторите од МСУ ќе изберат неколку дела од чешки уметници, кои се дел од колекцијата на нашиот музеј и ќе осмислат дијалог меѓу овие дела и нивната уметничка пракса, концепт кој ќе биде надополнет на веќе постоечкиот, во рамки на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”
Изложбата во Прага предвидено е да биде пренесена следната година, по затворањето на изложбата во „Кунстхале Виена“, за кон крајот на 2024 година конечно оваа патувачка изложба да биде изложена и во нашиот МСУ пред домашната публика.
Подготвено од А.Ѓ.