20.06.2023 Скопје
Во Атлантскиот Океан исчезнала подморница која превезувала туристи.
Подморницата требаше да се приближи до потонатиот брод Титаник.
Акцијата за пронаоѓање на подморницата и спасување на патниците е во тек.
Од крајбрежната стража на Бостон е кажано дека се обидуваат да ја лоцираат подморницата. Се наведува дека не се знае колку луѓе имало во неа во моментот на исчезнувањето.
Туристите повремено ангажираат сопственици на мали подморници да ги однесат до длабочините на Атлантикот за пари и да им ги покажат остатоците од познатиот брод.
Остатоците од Титаник се наоѓаат на длабочина од 3,8 километри, на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд, Канада.
Овој огромен патнички брод потона таму во 1912 година на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк, а неговите остатоци беа откриени во 1985 година.
Подготвено од А.Ѓ.