19.05.2023 Скопје
Во Багдад денеска се очекува да пристигне делегација од владата на Турција на средба со претставници на Министерството за нафта на Ирак, на која ќе се разговара за продолжување на извозот на нафта од автономниот регион на Ирачки Курдистан.
Портпаролот на ирачкото Министерство за нафта Асем Џихад ја потврди веста за време на прес-конференција одржана вчера во Багдад, надевајќи се на закрепнување на извозот во наредните недели.
Заменик-министерот за нафта на Ирак, Басем Мохамед Абади изјави дека Анкара и Багдад постигнале договор за рестартирање на извозот на сурова нафта од Ирачки Курдистан преку пристаништата Турци, особено онаа на Џејан.
Активностите кои се предвидува по овој состанок да продолжат, беа прекинати на 25 март, поради споровите меѓу двете земји и меѓу федералната влада на Багдад и регионалната на Ербил, кои настанаа во врска со пресудата на Меѓународниот арбитражен суд во Париз.
Подготвено од М.Н.