13th Gen Intel Core mobile processor family

20.06.2023 Скопје

Интел потврди дека планира да го промени името на своите процесори во претстојната 14-та генерација на Meteor Lake платформата, која ќе биде лансирана подоцна оваа година. Тоа ќе биде прво ребрендирање од 2006 година, кога беше востоличен брендот Intel Core или од 2008 година, кога на брендот беше додаден „i“.

Новото брендирање ќе ги сегментира процесорите, така што ќе имаме стандардни и фокусирани на перформансите процесори. Таа втора серија на процесори ќе го носи името „Ултра“ во своето име. Нумеричките ознаки ќе останат исти како и досега (3, 5, 7 и 9), но буквата „i“ ќе биде отстранета од името. Ќе се ресетира генерацијата на процесорот, така што нема да бидат процесорите од 14-та генерација, туку процесорите од првата генерација.

Стандардната серија процесори ќе се нуди со ознаките 3, 5 и 7, додека ултра варијантите ќе бидат достапни во сериите 5, 7 и 9. Со други зборови, трите серии ќе бидат само во стандардната верзија, а 9 серијата ќе биде само во ултра варијанта.

Десктоп процесорите може да имаат наставка „К“ и таа ознака најверојатно ќе покаже дали процесорот е отклучен за оверклокување. За процесори за мобилни платформи, можно е „H“ на крајот од името.

Новиот начин на брендирање теоретски би требало да ја олесни одлуката при купување на нов процесор. Во моментов се нудат премногу процесори со слични имиња, особено во сериите i3 и i5, па клиентите сега многу полесно можеа да препознаат на која серија припаѓа процесорот и дали е тоа што сакаат да го купат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author