14.06.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека извештајот на американското Министерство за труд покажува дека инфлацијата е на најниско ниво во последните две години и дека најдобрите денови допрва доаѓаат.
„Извештај покажува дека инфлацијата опаѓа веќе 11 месеци и сега е најниска во последните две години, а континуираниот напредок ги намалува трошоците за семејствата од средната класа“, напиша Бајден на Твитер, додавајќи дека платите исто така се зголемени во текот на изминатата година, со оглед на инфлацијата.
„Оптимист сум дека нашите најдобри денови се пред нас“, додаде Бајден.
Годишната стапка на инфлација во САД падна на 4,0 отсто во мај од 4,9 отсто во април, објави американското Министерство за труд.
Годишната стапка на базичната инфлација во САД исто така падна во мај на 5,3 отсто од априлските 5,5 отсто, што е најниско од ноември 2021 година.
Подготвено од А.Ѓ.