https://www.youthkiawaaz.com/2021/08/what-will-the-world-look-like-in-2050/

13.06.2023 Скопје

Федералниот завод за статистика „Дестатис“ објави дека годишната стапка на инфлација во Германија во мај падна на 6,1 отсто.

Априлската инфлација во Германија беше на ниво од 7,2 отсто, а стапката на инфлација во мај е најниска во последните 14 месеци, но сепак е значително повисока од посакуваните 2,0 отсто, што е целта на германската централна банка.

Претседателката на Федералното биро за статистика, Рут Бренд, наведува дека во мај поскапувањата на енергентите беа значително помали од истиот месец минатата година, а најмногу поскапе храната.

Цените на енергетските производи во Германија пораснаа 2,6 отсто на годишно ниво, што е значително побавен раст во однос на априлските 6,8 отсто, а овој резултат, пред сè, е последица на високиот базен ефект од минатата година.

Цените на храната во мај скокнаа 14,9 % на годишно ниво – нешто помалку од априлските 17,2 %, а цените на услугите пораснаа 4,5 % забавувајќи се од априлските 4,7 %. На месечна основа инфлацијата во мај падна 0,1 %, првпат по пет месеци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author