https://flickr.com/photos/slaiman/3595048331/in/photolist-6tFyBV-26yrAgE-RMTsDC-28tezTp-27BCEFD-26Lmt5C-hxkf4T-9ZtAK1-8tXgNK-fpDUAM-NVjaaC-bu8GrV-c5LW1C-ea7t6j-cmkGrb-28WE4A8-MY9wxg-255NoER-qtj3gY-MZ9WrJ-GHcXse-8n2eCg-27XSB9u-28HqmcF-55WDUJ-6BAuKM-24H1Yxt-d9X1h8-JSYyNr-cGjnJN-dZd12v-92XD2P-24QnyUE-ywDFiS-28jVR5p-ceXEu1-ScNaX1-JMzzdX-9DnVDy-8F1TuT-XtQ4ZQ-aFJoXr-rWQkfW-Vrdbmz-nZ9kg4-diebD1-pie4tR-HAVTw6-5CyQbD-mco8yw

22.06.2023 Скопје

Инфлацијата на потрошувачките цени во Велика Британија во мај изнесуваше 8,7 отсто, што е повисока од прогнозата на економистите за 8,4 отсто, но министрите и официјалните лица инсистираат на тоа дека зголемувањето на трошоците за живот ќе продолжи да се намалува.

Економистите предупредија дека ненадејната пауза во падот на инфлацијата веројатно ќе доведе до зголемување на каматните стапки на хипотеките за сопствениците на имот, а еден советник на канцеларот рече дека можеби е потребна рецесија за да се стави ситуацијата под контрола.

Владата инсистира дека и покрај назадувањето, планот за преполовување на инфлацијата до крајот на годината се уште е на добар пат.

„Да, инфлацијата е предизвик, затоа сме на пат да продолжиме да ја намалуваме“, рече премиерот Риши Сунак во парламентот.

Според извештајот на заводот за статистика, цените на авионските билети, билетите за концерти и компјутерските игри особено ги погодија домаќинствата минатиот месец.

Во меѓувреме, цената на бензините и дизелот паднаа во однос на пред една година, се вели во извештајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author