kina elektricni avtomobili

23.06.2023 Скопје

Брзиот раст кој беше само привремено забавен од пандемијата, а потоа во изминатата година зазема засилен раст кој Западот повеќе не може да го следи, допринесе кинеската автомобилска индустрија да прерасне од спореден играч кој сонуваше на клупата за резерви, во глобална суперсила во доменот на електричните возила каде сега е на самиот врв.

Бескомпромисните Кинези создадоа конкурентни производи, а во нивната борба се подготвени на се, но притоа, на неодамна објавено видео се гледа колку далеку се навистина подготвени да одат.

Видеото содржи снимки од дрон на кои се гледа огромно пространство исполнето со илјадници електрични возила. Напуштените автомобили се снимени во една од областите на Хангжу, главниот град на провинцијата Жеџијанг на истокот на Кина.

Според некои аналитичари, кинеските производители регистрираат автомобили и тврдат дека ги продале, се со цел да покажат големи бројки и со тоа да добијат владини субвенции.

Интересен факт е тоа што ова не е единствен случај и што оваа практика не е стриктно поврзана со автомобилската индустрија. Имено, истото се случи во 2017 година со електричните велосипеди, чие производство во еден момент ја надмина побарувачката.

Подготвено од М.Н.

About Author