06.06.2023 Скопје
Plenitude (Eni), преку нејзината подружница Be Charge, потпишаа договор со ИКЕА кој предвидува инсталирање на 250 станици за полнење, од најновата генерација, на паркинг местата во продавниците и центрите на ИКЕА низ целата земја.
Благодарение на овој договор, посетителите, вработените и добавувачите на ИКЕА ќе можат да ги полнат своите автомобили од станиците Plenitude + Be Charge со сертифицирана енергија, преку гаранции за потекло од Европа.
Стефано Гоберти, кој е главен извршен директор на Plenitude, изјави дека нивна цел е да останат и да бидат најдобриот сојузник на домаќинствата и бизнисите за енергетската транзиција.
Развојот на електричната мобилност и нивната инфраструктурна мрежа за полнење, која моментално има над 16.000 точки, е составен дел од стратегијата и затоа со задоволство ги надградуваат своите технолошки напредни и постојано проширувачки станици за полнење и услуги кои сега веќе ќе бидат достапни и за клиентите и персоналот на ИКЕА.
Подготвено од М.Н.