https://www.facebook.com/photo.php?fbid=679054833582246&set=pb.100044332064393.-2207520000.&type=3

16.06.2023 Скопје

Фудбалерите на Шпанија се вторите финалисти на овогодинешното издание на Лигата на нации.

Селекцијата на Пиринејскиот Полуостров во полуфиналето беше подобра од Италија со резултат 2:1, а така ќе биде и за Хрватска.

Шпанија прва го повлече чкрапалото и поведе во 4. минута по катастрофалната грешка на Леонардо Бонучи. Стоперот на Италија ја загуби топката во близина на својот шеснаесетник, а Џереми Пино без поголеми проблеми го чекираше голманот Донаруму.

Не чекаа долго Азурите да израмнат. Се играше во 10. минута кога Заниоло шутираше, а на патот кон голот топката го погоди во рака Робин Ле Норман. Судијата Винчиќ досуди пенал, кој во гол го претвори Чиро Имобиле.

За следниот гол моравме да чекаме до 88. минута. По неколку отклонувања, топката дојде до Родриго, кој шутираше од 20 метри. Неговиот удар беше изблокиран и топката падна пред Хоселу, 33-годишниот напаѓач, кој ја заби во мрежата.

Италијанците се жалеа на офсајд, но во оваа ситуација играчот беше во правна позиција, иако на почетокот не изгледаше така.

Шпанците го добија финалето на Лигата на нации, а во тоа финале ќе играат против Хрватска. „Ватрените“ во првото полуфинале славеа против Холандија (4:2).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author