08.06.2023 Скопје
Околу 600 квадратни километри од јужната област на регионот Керсон во Украина е под вода поради уривањето на браната Нова Каховка, изјави украинскиот регионален гувернер на Херсон Олександр Прокудин.
Според Прокудин, 68 отсто од оваа област е на левиот брег на реката Днепар, која е окупирана од Русите, а просечниот водостој утринава во припоените подрачја е 5,61 метар.
Руските безбедносни служби пак, објавија дека околу 4.300 луѓе биле евакуирани по уривањето на браната Нова Каховка од тој регион и дека околу 14.000 домови вкупно се поплавени.
Подготвено од М.Н.