google

29.06.2023 Скопје

Google во вторникот објави дека ги намалува работните места во својата апликација за мапирање Waze, откако одлучи да го спои системот за рекламирање на апликацијата со технологијата Google Ads, без да каже колку вработени ќе бидат засегнати.

„Со цел да создадеме подобро, долгорочно искуство за огласувачите на Waze, ја започнавме транзицијата на постоечкиот систем за рекламирање на технологијата Google Adc. Како дел од ажурирањето, ги намаливме улогите што се фокусираат на монтажа на реклами во апликацијата“, се вели во соопштението на компанијата, која го направи купувањето на апликацијата Waze пред една деценија, за околу 1,3 милијарди долари.

Google најави спојување на апликацијата Waze и тимот на Google Maps уште во декември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author