https://www.flickr.com/photos/iaea_imagebank/52027720457/in/photolist-2ngvEF4-2ngBcPc-2nLU9HG-bC8mRj-2ntSu11-2kRArm9-2mctimE-2nPFFq3-2iBhq6u-2mAqJ2o-2nMG5zd-2nAEPXQ-2mtqena-2noVGCR-2nfPSGm-2nMGCmq-2mFXtng-2ntM9HQ-2niqJWP-bR33C2-2nPWgwT-2kY4dR5-2m24ogj-2nJ2VtY-2mxUtTU-bC8mZN-2n6qfzC-2mPx3Cs-2mcQBrZ-2mntVLe-9keTuo-2nJ2hrq-2nJ2da2-2mjrozC-2jxB8RU-2nJ8D1j-2kLeqcH-2nJ9igo-2nJ2d8U-2nLU9EF-2nJ2d8Z-2nJ9ifb-2nMG5yb-2kfHHfa-2kLeqfo-2kxTFB4-2kRzoQs-2kLeTWB-2hX4xEb-2hX1Y5w

08.06.2023 Скопје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси, следната недела ќе ги посети Запорожје, како и Киев и Москва за да разговараат за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје.

Оваа информација ја соопшти самиот Гроси во интервју за национална телевизиска куќа.

„Следната недела веројатно ќе бидам во Запорожје, планирам да се сретнам со претседателот на Украина Володимир Зеленски“, истакна генералниот директор на МААЕ, „и после тоа, мислам дека ќе биде логично да одам во Москва или во кој било друг регион на Русија за да го продолжам овој многу важен дијалог што го водам“, додаде генералниот директор на МААЕ.

Како што истакна Гроси, неговата главна задача е да спречи нуклеарна катастрофа, но за да се постигне таа цел потребен е многу напор, но додаде дека нема да се откаже и ќе продолжи да работи во таа насока.

Подготвено од М.Н.

About Author