15.06.2023 Скопје
На северот на Косово и Метохија, полицијата се уште е во објектите на локалната самоуправа, кои се надгледувани од војници на КФОР.
Граѓаните и денеска мирно протестираат околу нив. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска со претставници на Квинта.
Во северниот дел на Косовска Митровица се одржа мирен протест поради вчерашното апсење на Милун Миленковиќ.
Нему му е одреден притвор до 30 дена и пренесен во затворот во Подуево.
Специјалното обвинителство во Приштина го товари за кривични дела што наводно ги направил пред неколку месеци пред канцеларијата на изборната комисија во Косовска Митровица и пред две недели на протестот во Звечан.
Адвокатот на Миленковиќ најавува жалба, а организаторите на протестот од кик-бокс клубот нови мирни протести.
Припадниците на специјалните единици на српската полиција вчера уапсија тројца косовски специјалци вооружени до заби на територијата на централна Србија. Сите тројца биле вооружени со автоматско оружје и во целосна воена опрема со ГПС уреди, мапи и друга опрема.
По апсењето, владата во Приштина одлучи да забрани влез на возила со српски регистарски таблички во Косово.
Претседателот Александар Вучиќ рече дека сме на крстопат дали ќе продолжиме да имаме мир или не. Тој посочува дека тоа е благодарение на премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, кој по секоја цена сака да предизвика војна и конфликти.
„Се плашам дека го минавме Рубикон и дека ќе биде многу тешко враќање во реалноста, за што Србија секогаш ќе дава се од себе да го оствари“, вели Вучиќ.
Претседателот денеска во Палатата Србија ќе се сретне со претставниците на земјите од Квинте – Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на Европската Унија.
Подготвено од А.Ѓ.