28.06.2023 Скопје
„Thales“, кој е глобален лидер во високата технологија и сајбер безбедноста, најавува ново партнерство со Google Cloud за развој на нови функции за заштита на податоци базирани на генеративна вештачка интелигенција. Ова ќе им овозможи на компаниите-клиенти да ги откријат, класифицираат и заштитат нивните најчувствителни податоци.
Договорот е дел од стратегијата на Thales за развој на системи засновани на генеративна вештачка интелигенција, за да се донесат нови функции за клиентите кои ја користат платформата Thales CipherTrust. Според извештајот на Тhales за сајбер заканите, сепак, само 24 отсто од нив знаат каде се складирани нивните податоци.
Благодарение на соработката со Google Cloud, Тhales ќе користи вештачка интелигенција за да ја подобри функционалноста на платформата за безбедност на податоци CipherTrust. Помеѓу услугите за интелигентна заштита на Thales CipherTrust, на платформата ќе биде додадена новата функционалност на „Data Discovery and Classification Machine Learning“, базирана на Vertex AI, што ќе го подобри тековното откривање и класификација.
Техниките за машинско учење ќе го зголемат откривањето и класификацијата на податоците со користење на семантички контекст за лоцирање и класифицирање на чувствителни информации од различни складишта за деловни документи, истовремено обезбедувајќи дека чувствителните податоци остануваат во утврдените периметри.
Себастиен Кано, виш потпретседател за заштита и активности за лиценцирање во Thales, изјави дека преку оваа соработка, основните способности за вештачка интелигенција на Google Cloud дополнително ќе ги подобрат перформансите на Интелигентната заштита на платформата Thales CipherTrust, која има за цел да ги реши предизвиците на безбедноста преку откривање и класификација на чувствителни информации.
Генералениот менаџер и потпретседател на Cloud Security во Google Cloud, Сунил Поти исто така изјави дека пристапноста и заштитата на податоците во облакот се од суштинско значење за деловниот успех.
„Горди сме што соработуваме со Thales за да ги споиме нивната платформа за интелигентна заштита CipherTrust и нашето решение Vertex AI, со цел да им помогне на клиентите да ги насочат и поедностават нивните операции, да ги откријат и класифицираат нивните најкритични податоци без страв од инфилтрација или кражба на чувствителни информации“, истакна Поти.
Подготвено од М.Н.