https://www.facebook.com/photo?fbid=670382951122211&set=pcb.670383157788857

23.06.2023 Скопје

Истражувањето кое било спроведено во мај годинава од Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ ги презентираше прелиминарните резултати од анкетата за перцепциите на студентите за корупција во високото образование во Албанија, Република Северна Македонија и Србија.

Во истражувањето биле анкетирани 300 студенти во секоја земја, во рамки на проектот „Универзитети без корупција“ поддржан со регионален грант на Смарт Балкан, Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан.

За разлика од другите две земји, во Република Северна Македонија студентите се најмалку информирани, односно повеќе од 90 отсто од анкетираните кажале дека воопшто не знаат како се пријавува корупција, ниту дали постои надлежна установа или орган на факултетите.

На прашањето зошто не пријавуваат корупција, една третина од испитаниците во земјава одговориле дека се плашат од последиците доколку пријават корупција.

Корупцијата е многу или екстремно присутна на факултетите сметаат 20 проценти од анкетирани македонски студенти. На еден од десет студенти во земјава, опфатени во анкета, професор му побарал мито, а шест отсто понудиле мито за повисока оценка.

Параметрите се разликуваат меѓу трите земји. Во Албанија постои многу подобра информираност за пријавување на корупцијата, а во Србија има помала перцепција, на пример, во делот на барањето мито од страна на професорите или обврската да им се купи книга.

Подготвено од М.Н.

About Author