https://www.facebook.com/olafscholz/photos/10160625402179311

07.06.2023 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека има намера повторно да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин.

Шолц изјави дека планира уште еднаш да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тоа долго време го нема направено, иако сега е „несоодветно време“.

Претходно, самиот канцелар и неговата прес-служба истакнаа дека билатералните контакти со Москва се неопходни и дека Берлин сака да ги продолжи.

Во исто време, Германија укажа на „сериозните разлики во мислењата“ за Украина кои се појавуваат за време на таквите дискусии.

Последен пат Шолц и Путин имаа телефонски разговор на 2 декември минатата година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author