01.06.2023 Скопје
Познатиот германски моден гигант „Халхабер“ по втор пат за многу кратко време се бори за опстанок на пазарот.
Текстилниот гигант повторно западна во финансиски проблеми и сега ја чека одлуката за стечај. Компанијата соопшти дека се одлучила на тој потег поради кризата во малопродажбата на текстил и последователниот огромен пад на продажбата.
Познатиот бренд од Минхен, основан далечната 1977 година, веќе еднаш е спасен од банкрот. Во 2021 година, инвеститорите го презедоа малопродажниот бизнис и ја спасија компанијата.
„Халхабер“ има околу 1.100 вработени и 113 продавници.
Собранието на доверители сега мора да одлучи како понатаму. „Халхабер“ се реши на овој чекор за да може да ја продолжи потрагата по нов инвеститор и да го спаси бизнисот.
„Сегашното раководство ќе продолжи да ја води компанијата“, пишуваат германските медиуми.
Подготвено од А.Ѓ.