sabotaza severen tek

10.06.2023 Скопје

Диверзантскиот тим, наводно, ја користел Полска како база за операции за да ги оштети гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море во септември, објавија американските медиуми, според кои оваа информација произлегла од тековната истрага што ја спроведуваат германските власти.

Истражителите целосно го реконструирале двонеделното патување на „Андромеда“, белата јахта за задоволство долга 15 метри, која се претпоставува дека била користена во саботажа на гасоводите.

Германските истражители забележале како бродот скршнал од својот пат за да се впушти во полските територијални води, повикувајќи се на податоци од радио и навигациската опрема на бродот „Андромеда“, сателитски и мобилни снимки. Германија се обидува да најде и на кого парираат оставените ДНК примероци на бродот.

Бродот наводно крстарел околу секоја од локациите каде што потоа се случиле експлозиите. Варшавските власти, водат сопствени истраги и веќе неколку месеци се обидуваат да откријат што пак истражуваат Германците.

На испрашување од страна на Полска, германските власти изјавиле дека нема докази за вмешаност на полската влада во саботажата на гасоводите, додека претставник на јавното гермнско обвинителство одбил да коментира.

Подготвено од М.Н.

About Author