intel chip

20.06.2023 Скопје

Германската влада потпиша договор со американскиот производител на чипови Интел, врз основа на кој ќе се гради голема фабрика за чипови во градот Магдебург.

На потпишувањето на договорот присуствуваа германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на Интел, Пет Гелсингер.

Германската влада не ја објави вредноста на државните субвенции што ќе ги добие Интел за започнување на овој проект.

Весникот Handelsblat минатата недела објави дека Интел ќе добие субвенции во вредност од 9,9 милијарди евра од Германија, што е значително повеќе од претходно ветените 6,8 милијарди евра.

Во соопштението на Интел на својата веб-страница се тврди дека оваа калифорниска компанија првично ќе инвестира 17 милијарди евра во изградба на најсовремена фабрика за полупроводници во Германија, како и нов центар за истражување и развој во Франција и проширување и одржување на постоечки капацитети во Ирска, Италија, Полска и Шпанија.

Во следната деценија Интел ќе инвестира вкупно 80 милијарди евра во развој на чипови во ЕУ, се додава во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author