26.06.2023 Скопје
Данска и Германија ќе го градат најголемиот поморски тунел во светот, кој ќе биде изграден под Балтичкото море и ќе ги поврзува германскиот остров Фемарн и данскиот Лоланд.
Ова ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички подморски тунел во светот, а патувањето низ него ќе трае 7 минути со воз и 10 минути со автомобил.
Тунелот Fehmarnbelt ќе биде долг 18 километри и ќе го скрати патувањето меѓу двете држави за 130 километри.
Двата острови сега се поврзани со траект или обиколен пат, а кога ќе заврши изградбата на тунелот, патувањето со воз од Копенхаген до Хамбург ќе трае два и пол часа, за разлика од сега кога се патува по четири и пол часа.
Буџетот за проектот е околу 7 милијарди евра, а на изградба на тунелот е предвидено да работат околу 3.000 луѓе.
Експертите од двете земји велат дека истиот треба да биде завршен во 2029 година.
Подготвено од М.Н.