17.06.2023 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман сакаат да ја прошират соработката на нивните земји.
Елисејската палата соопшти дека Макрон потврди дека „Франција е подготвена да ја следи придружува Саудиска Арабија во зајакнувањето на нејзините одбранбени капацитети“.
Саудиското Министерство за надворешни работи соопшти дека разговорите биле за стратешките односи меѓу Саудиска Арабија и Франција и како да се подобрат во иднина.
Макрон и Мохамед разменија мислења и за ситуацијата на Блискиот Исток. Двете страни се подготвени да работат на трајно смирување на тензиите, според Елисејската палата.
Макрон се осврна и на војната на Русија против Украина и на загриженоста за разорните последици за цивилното население и влијанието врз безбедноста на храната.
Опозициските политичари и активистите за човекови права го критикуваа Макрон за средбата со Мохамед.
Подготвено од А.Ѓ.