30.06.2023 Скопје
Во францускиот град Кламар, јужно од Париз во регионот Ил де Франс, до 3 јули се воведува полициски час од 21 до 6 часот.
Ова го соопштија локалните власти.
Полицискиот час има за цел да го воспостави редот по немирите што избувнаа претходно оваа недела, откако полицијата уби тинејџер кој не го запре својот автомобил во париското предградие Нантер, објавија властите на Твитер.
40.000 полицајци ќе бидат распоредени ширум Франција, вклучително и Париз, оваа вечер по немирите, кои избија откако полицијата уби тинејџер кој не успеа да запре автомобил, се раширија низ целата земја, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен.
Подготвено од А.Ѓ.