21.06.2023 Скопје
Франција го поддржува пристапот на Украина во НАТО, известија тамошните медиуми, истакнувајќи дека на 19 јуни во Елисејската палата се состанал Советот за одбрана, при што била испитана хипотезата за влез на Киев во Атлантската алијанса.
Оваа француска поддршка кон Украина би придонела да се зголеми притисокот врз Русија додека украинската контраофанзива наидува на тешкотии, а аналитичарите истакнаа дека „ова отворање претставува вистинска конверзија за Франција“.
Француската позиција сега е поблиска до онаа на Полска отколку до онаа на Германија, вели странски дипломат кој претпочита да остане анонимен. Сепак, Франција не сака Украина да влезе во НАТО додека трае конфликтот, бидејќи тоа би ги навело сојузничките држави да влезат во војна. Париз сака да отвори пат кон членство на Украина и да понуди гаранции за безбедност, соопшти анонимниот дипломат.
Подготвено од М.Н.