22.06.2023 Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, на маргините во Лондон изјави дека, конференцијата за обнова на Украина организирана во Лондон е силна политичка порака и потврдува дека меѓународната заедница е вклучена долгорочно, онолку долго колку што е потребно.
„Постои ветување за поддршка по 2023 година, всушност јас им предложив на земјите-членки на ЕУ да одвојат 50 милијарди евра за Украина. Но, ние сме, исто така, тука да ги поправиме работите додека трае војната, да и помогнеме на Украина да ја одржи својата економија“, истакна Фон дер Лајен.
Што се однесува до мировните иницијативи за ставање крај на војната, сите сакаме мир, а први и највеќе кои го посакуваат тоа се украинците.
Во однос на изгледите за влез на Украина во ЕУ, претседателката на комисијата истакна дека тука нема прецизен распоред, и дека тоа е процес одлучен според основаноста. Но Украина, и покрај војната, прави важни реформи што ги бара ЕК. За влез во ЕУ, Украина треба да направи седум чекори, веќе се направени два и постигнат е добар напредок во другите пет.
Фон дер Лајен додаде дека денеска ќе има прв устен извештај, и дека сите се импресионирани од тоа како Украина успеа да ги помине овие реформи додека е напаѓана од страна на Русија, и истакна дека сепак на Украина местото и е во европското семејство.
Подготвено од М.Н.