27.06.2023 Скопје
Италијанскиот производител на автомобили ФИАТ ќе престане да произведува сиви автомобили, објави мултинационалниот производител на автомобили Stelantis, кој е сопственик на брендот.
„ФИАТ од денеска го прекинува производството на сиви автомобили. Одлуката е донесена за да се нагласи важноста на бојата во животот и има за цел дополнително да го зајакне лидерството на ФИАТ како бренд на радост, боја и оптимизам, олицетворувајќи го италијанскиот начин на живот и потврдувајќи новата вредност на брендот Долче Вита“, изјави извршниот директор на ФИАТ, Оливие Франсоа.
Палетата на бои за каросеријата на автомобилите е „инспирирана од италијанското море, сонце, земја и небо“, се вели во соопштението.
Франсоа додаде дека компанијата сака „да ги инспирира луѓето да живеат со оптимизам и позитивност, што ќе биде една од мисијата на новиот електричен автомобил Fiat 600e, кој ќе биде претставен на 4 јули“.
Подготвено од А.Ѓ.