https://www.facebook.com/photo/?fbid=299467125543954&set=a.299467088877291

17.06.2023 Скопје

Американската централна банка соопшти дека инфлацијата во клучните делови на американската услужна индустрија останува покачена и не покажува знаци на намалување.

Ова е наведено во последниот извештај до Конгресот за монетарната политика и преглед на состојбата на економијата, што го објави претседателот на ФЕД, Џером Пауел пред состанокот на Капитол Хил следната недела.

Се додава дека надежите дека ФЕД ќе ја забави инфлацијата може делумно да зависи од понатамошното олеснување на тесните услови на пазарот на трудот, што веројатно ќе значи поголема невработеност во САД.

„Побарувачката за работна сила е намалена во многу сектори на економијата, но таа продолжува да ја надминува понудата на достапни работници, а бројот на слободни работни места продолжува да се зголемува“, се наведува во извештајот.

Забележано е дека растот на платите забави во првиот дел од годината, но останува над динамиката што е во согласност со инфлацијата од два проценти на долг рок.

Во извештајот се забележува дека кредитирањето на банките е значително намалено во текот на изминатата година и веројатно ќе биде дополнително намалено по неуспехот на неколку регионални банки во март.

„Сепак, и покрај загриженоста за профитабилноста на некои банки, банкарскиот систем останува здрав и издржлив“, се вели во извештајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author