https://www.facebook.com/photo/?fbid=448976703924909&set=pb.100064377502123.-2207520000..

08.06.2023 Скопје

Евростат објави дека економијата во еврозоната падна за 0,1 отсто во првиот квартал.

Овој резултат се разликува од првичните проценки за првиот квартал, кои предвидуваа скромен економски раст од 0,1 отсто во еврозоната.

Во последниот квартал од 2022 година е забележан и пад на БДП од 0,1 отсто, така што по два последователни квартали негативен раст, еврозоната влезе во блага рецесија.

За разлика од еврозоната, економијата на ЕУ забележа благ квартален раст од 0,1 отсто.

Најголем економски раст во однос на претходниот квартал е забележан во Полска – од 3,8 отсто, Луксембург – 2,0 отсто и Португалија – 1,6 отсто, додека најголем економски пад е забележан во Ирска – за 4,6 отсто, Литванија – за 2,1 отсто и Холандија – за 0,7 отсто.

Германската економија падна за 0,3 отсто на квартално ниво, додека економски раст е забележан во Франција – 0,2 отсто и Италија – 0,6 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,3 отсто на квартално ниво, како во еврозоната, така и на ниво на ЕУ.

Државните трошоци се намалени за 1,6 отсто во еврозоната и за 0,9 отсто во ЕУ.

Квартално, извозот падна за 0,1 отсто во еврозоната, а во ЕУ се зголеми за 0,1 отсто, додека увозот падна за 1,3 отсто – и во еврозоната и во ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author