ek - nov paket pomos za ukraina

20.06.2023 Скопје

Европската комисија има намера да предложи нов дополнителен пакет финансиска помош за Украина во износ од околу 50 милијарди евра. Средствата доделени од Унијата треба да му помогнат на Киев да ги исполни тековните расходи и трошоците поврзани со реконструкцијата.

Финансискиот пакет, кој би можел да биде предмет на измени, ќе биде објавен денеска, пред конференцијата за обнова на Украина закажана за оваа недела во Лондон.

Според американската агенција за економско разузнавање, Европската комисија сака да избегне да ја подложи Украина на тешки услови за финансирање и има намера да додели помош во форма на субвенции и поволни заеми.

Пакетот од 50 милијарди евра ќе биде дел од долгорочниот европски буџет и ќе го покрие периодот помеѓу 2024 и 2027 година, со годишна распределба помала од 18 милијарди евра што ЕУ ги одвои за Украина во 2023 година.

Подготвено од М.Н.

About Author