evropska komisija brisel

21.06.2023 Скопје

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на втората конференција за обнова на Украина, што се одржува во британската престолнина, изјави дека ЕК планира замрзнатите руски средства да се користат за поддршка на обновата на Украина.

Фон дер Лајен истакна дека ова ќе биде само предлог, но според ЕК, руските средства треба да се искористат бидејќи сторителот така ќе одговара за направената штета.

Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона соодветно претстави нов механизам за осигурување за ризик од „војна“, и според Колона, овој механизам треба да ги покрие инвестициите во Украина против ризиците поврзани со војната преку Француската државна инвестициска банка.

Колона додаде дека планот на француската Влада е во согласност со осигурителниот механизам предложен од Велика Британија и Украина.

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, најави дека Берлин ќе му обезбеди на Киев во 2023 година 381 милион евра за хуманитарни потреби, а дополнително закрепнувањето на Украина треба да биде поврзано со процесот на пристапување на земјата во ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author