tender gas eu

27.06.2023 Скопје

Европската комисија го објави вториот повик за европски компании да се регистрираат на енергетската платформа за заедничко купување гас преку механизмот АгрегатЕУ.

Времето да се наведат количините што ги бара секоја компанија ќе истече на 3 јули. Колективната побарувачка потоа ќе биде ставена на тендер на глобалниот пазар од 7 до 10 јули, за да можат меѓународните добавувачи да ги презентираат своите понуди за снабдување на европските клиенти, се вели во соопштението на извршната власт на ЕУ.

Енергетската платформа на ЕУ за заедничка набавка на гас работи добро и ја покажува Европа во нејзината најдобра форма.

„Како што влегуваме во клучната фаза од сезоната на надополнување на складиштето, ги охрабрувам и купувачите и добавувачите најдобро да го искористат овој нов пазар пред зимата“, изјави потпретседателот на Комисијата на ЕУ, Марош Шефчовиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author