21.06.2023 Скопје
Според информациите објавени на веб-страницата на Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ќе оствари средба со европратениците Марион Валсман и Илхан Ќучук, а на средбата се наведува дека ќе присуствува и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Во рамките на посетата на Собранието, европратениците ќе имаат поединечни средби и со потпретседателите на Собранието Горан Мисовски и Хусни Исмаили и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, како и со координаторите и претставниците на политичките партии.
На веб-страната на Собранието стои и дека европратениците Валсман и Ќучук ќе одржат и кратка подготвителна сесија со Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне.
Подготвено од М.Н.