eu gas ukraina

12.06.2023 Скопје

Европската унија размислува да се сврти кон Украина за да ги зголеми капацитетите за складирање на природен гас на континентот.

Ова го објавија извори во Брисел цитирани од економската информативна агенција „Блумберг“, според кои земјата опустошена од војната нуди огромна мрежа на подземни пештери што може да се искористат токму за складирање на гас.

ЕУ бара нови решенија за складирање поради прогресивното исцрпување на постоечкиот капацитет, но сепак, реализацијата на какви било проекти во Украина се чини неверојатно, освен ако цената на бензинот не се намали доволно за да се оправдаат трошоците, а конфликтната ситуација во земјата не се надмине за да се понудат минимални гаранции за безбедност и стабилност.

Подготвено од М.Н.

About Author