evropska unija

30.06.2023 Скопје

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел најавија дека ќе преземат долгорочни обврски за зајакнување на безбедноста на Украина.

Во текстот на заклучоците од самитот, лидерите наведуваат дека наскоро ќе ја разгледаат формата на преземените обврски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека „патот до победата е тежок, но остварлив“, додека рускиот претседател изјави дека „светот не се распадна“ поради санкциите на Западот, туку дека можностите на руските претприемачи се проширија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author