26.06.2023 Скопје
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе разговараат за дијалогот и тензиите меѓу самопрогласеното Косово и Србија. Министрите ќе имаат размена на мислења за дијалогот меѓу Приштина и Белград, по порастот на тензиите на северот на Косово.
Се очекува шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, да ги информира министрите за последните случувања во Косово, по што ќе продолжат разговорите на таа тема.
Не се очекуваат официјални заклучоци или одлуки, освен расправа за мерките што може да ги преземе европскиот блок за да ги убеди страните веднаш да преземат чекори за намалување на тензиите.
Подготвено од А.Ѓ.