01.06.2023 Скопје
Европскиот парламент, кој се состана на пленарна седница во Брисел, го одобри преговарачкиот мандат за ASAP регулативата (Акт за поддршка на производството на муниција).
Целта е да се зголеми капацитетот за производство на муниција на европската индустрија, со цел испраќање на залихи во Украина и зајакнување на залихите на земјите од ЕУ.
Мандатот е донесен по итна постапка со 446 гласа „за“ од вкупно 625, 67 против и 112 воздржани.
Сите амандмани кои беа презентирани од страна на Демократите и Социјалдемократите, односно кои бараа да не се користат националниот план за закрепнување и отпорност и кохезионите фондови за финансирање на производството на вооружување, беа отфрлени.
Подготвено од М.Н