https://www.facebook.com/RexhepTaipErdogan/photos/pb.100044650204071.-2207520000./2595998940506057/?type=3

08.06.2023 Скопје

Турскиот претседател Таип Ердоган во вчерашниот телефонски разговор му рекол на рускиот претседател дека е потребна сеопфатна истрага за уништувањето на огромната брана на линијата на фронтот меѓу руските и украинските сили.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништувањето на хидроелектричната брана Каховка, по што поплавите низ воената зона принудија илјадници луѓе да избегаат.

Кабинетот на турскиот претседател објави дека Ердоган му рекол на рускиот претседател дека може да се формира меѓународна комисија во која ќе бидат вклучени ОН и Турција за да го истражи инцидентот.

Ердоган претходно разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за истото прашање.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author