https://www.facebook.com/photo.php?fbid=698360344992355&set=pb.100044551864456.-2207520000.&type=3

03.06.2023 Скопје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва ќе го објави составот на новата влада.

Составот на новиот кабинет треба да покаже дали ќе продолжи необичната економска политика или ќе има враќање на конвенционалните мерки во услови на зголемена криза на трошоците за живот.

Ердоган денеска ќе положи заклетва во парламентот за својот трет мандат, по што ќе следи церемонија на инаугурација во претседателската палата.

На церемонијата ќе присуствуваат десетици странски државници, меѓу кои и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот шведски премиер Карл Билт.

Тие се очекува да го повикаат Ердоган да ги укине приговорите на неговата земја за членството на Шведска во Организацијата на Северноатлантскиот договор – за што е потребно едногласно одобрение од сите членки.

Минатата недела Ердоган /69/ победи во вториот круг од претседателските избори и доби нов петгодишен мандат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author