https://www.facebook.com/airserbia/photos/3407365252810887

19.06.2023 Скопје

Српската авиокомпанија Ер Србија денеска соопшти дека е принудена да го реорганизира и оптимизира сообраќајот во својата мрежа на дестинации, со што во наредните денови можно е да има доцнења и откажувања на одредени летови.

Од „Ер Србија“ наведуваат дека биле принудени да го реорганизираат сообраќајот поради „комбинираната акција на низа неповолни фактори“, пред се подоцнежното влегување во флотата на одредени авиони што биле планирани и подоцнежното излегување на неколку авиони поради забавеното снабдување на резервни делови на глобално ниво.

Во соопштението се додава дека може да има доцнења на фази поради големи проблеми на одредени аеродроми со нивниот персонал, неповолни временски услови и последователно губење на слотови.

„Надлежните служби на српската национална авиокомпанија континуирано го прилагодуваат сообраќајот на постоечките ресурси за да има што помалку отстапувања и сообраќајот да се одвива што е можно повеќе во согласност со планираниот распоред на летови“, посочуваат од Ер Србија.

Ер Србија прави се што е во нејзина моќ за што поскоро нормализирање на сообраќајот и им се извинува на сите патници кои биле погодени или ќе бидат погодени од евентуални промени во типот на авион или отстапувања од планираниот распоред на летови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author