10.06.2023 Скопје
Светска банка предвидува дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе ја заврши со економски раст од 2,6 отсто. Клучни фактори кои влијаат на економските перспективи се влијанијата од војната во Украина, пониската лична потрошувачка, заострените глобални финасиски услови и послабата побарувачка во еврозоната.
Економијата на Република Северна Македонија годинава ќе забележи раст од 2,4 отсто, проценува Светска банка во најновиот извештај за глобалните економски перспективи. Според проценката на Светска Банка, економскиот раст во земјава благо ќе се забрза до 2,7 отсто во 2024 година и 2,9 отсто во 2025 година.
Од земјите во регионот, годинава најголем економски раст ќе забележат Косово 3,7 отсто и Црна Гора 3,4 отсто. Албанија ќе има раст од 2,8 отсто, Босна и Херцеговина, 2,5 отсто, Србија 2,3 отсто, Хрватска 1,9 отсто, а Бугарија 1,5 отсто.
Подготвено од М.Н.