https://www.flickr.com/photos/charles79/19307193394/in/photolist-CcWcdC-24voaYe-2dJ2GST-CcWc3N-54s6XC-2dJ2GVD-2gEhBTv-2gEhC4L-RmuZvk-7m7FSz-2e1XwyG-YehrBC-YehrVy-2gEidDy-8ZTr4r-2dJ2GTV-RmuZw2-RmuZtr-RmuZu8-6Nwit8-n8q9qn-2gEhD7h-n8q15M-n8rXhN-6iK7UW-n8rXrW-7o31No-dnHW4Z-CVxWyR-2e1XwzU-2gEhwHa-99exp3-aSnWaZ-9T2tiP-2itWi8e-vq7pWJ-NNzUkV-Fwzgv-8ahkvx-bRRxfH-5HXAaY-2nZNvY2-2nZLacY-2nZR5wP-2nZQXsy-2nZPMY4-2nZLaeS-2nZR5wZ-2nZRhin-2o12Jzp

28.06.2023 Скопје

Замрзнување на работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, суспендирање на европските фондови за Косово и Метохија и прекинување на политичките контакти со властите во Приштина се мерките што ЕК формално ќе ги предложи против властите во Приштина оваа недела, изјави шефот на Европската Комисијата, Јан Герт Копман.

Најавените мерки вклучуваат замрзнување на работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, суспендирање на европските фондови за Косово и Метохија и прекинување на политичките контакти со властите во Приштина.

„Ќе го суспендираме планирањето на средствата за Косово, а предлозите на Приштина според финансиската рамка за Западен Балкан нема да бидат обработени. Тековната поддршка преку процесот на јавни набавки и потпишувањето договори исто така ќе бидат суспендирани“, рече Копман, директор на проширување во Европската комисија, говорејќи во комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент заедно со претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.

Ќе бидат прекинати и политичките контакти и средбите на високо ниво со претставници на Приштина, рече Копман.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author