https://www.facebook.com/photo/?fbid=636126724549659&set=pcb.636128074549524

24.06.2023 Скопје

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази загриженост за состојбата на северот на Косово и истакна дека реториката на Вучиќ и Курти го води северот кон вооружен судир меѓу српските групи и специјалните сили на косовската полиција.

Рама оценува дека судирот кој би траел и само три часа, не подолго, би се покажал фатален за се што е направено овие години, со напори и иницијативи на Западен Балкан под капата на Берлинскиот процес, и тогаш целиот балкански регион ќе направи многу чекори назад.

Албанскиот премиер претходно изјави дека испратил писмо до францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот Европскиот совет Шарл Мишел во кое ја нагласил неопходноста од реализација на француско-германскиот план, со поддршка на САД.

Нашата иднина не треба да стане заложник на политичката игра ниту на оние во Косово, ниту на оние во Србија. Нашите земји и нашите народи ширум Балканот имаат сосема поинаков пат и план, изјави албанскиот премиер Рама, додавајќи дека ќе стори се за да се избегне најлошото.

Подготвено од М.Н.

About Author