https://www.flickr.com/photos/78182051@N08/11235653753/in/photolist-i7REqa-ac9E2y-wYJgZv-ppkuUJ-bZRSgj-Q9oQ6d-kvq9kh-buugQS-NgbPtz-a9MXQt-9jkHhr-CG7xPX-cr7P5L-MVQnyS-8W6Wnd-5xuTwg-c9jSsm-fDrHj7-KhSXH-gTuePV-9kMNVN-crDULo-anW7SA-vMKjFe-ekfKm9-8MR9qw-c2UVkw-7AEfWv-bj2F4R-9yEcUg-nAthai-bTiHSK-aBiDMH-64gkdh-HjqDPX-7t6s2U-7TsYS3-ncVxdR-bCxvMw-4aa7za-EkYJuJ-vpfr3a-oEiy4A-96ejN2-btnvEp-kx9HR-2fibr6W-h5MyVR-7hUftz-RSwFMq

01.06.2023 Скопје

Природните хемикалии во чајот, наречени флаваноли, ја зголемуваат моќта на мозокот и помагаат во процесот на стареење. Ефектот е ист без разлика за кој чај станува збор.

Експертите дошле до наодите откако проучувале како флаванолите, кои исто така се наоѓаат во јаболката и бобинките, влијаат на меморијата.

Тригодишното истражување опфатило повеќе од 3.500 здрави луѓе на возраст над 60 години. Едната група земала 500 милиграми дневно, количина еднаква на две чаши, додека другата конзумирала плацебо. Тие добија задача да се присетат на дадените зборови за да ја тестираат нивната меморија.

Конечните резултати во групата со флаванол беа подобри за 10,5 проценти, што се зголеми на 16 проценти за оние кои исто така го користеа во нивната исхрана.

„Пиењето чај е најлесниот начин да се зголеми внесот на флаваноли. Две шолји ќе обезбедат доволно количество“, изјавил професорот Гунтер Кунле.

Најдраматичното подобрување би го виделе, вели тој, кај луѓето кои консумираат флаваноли во четириесеттите и педесеттите години. Флаванолот делува така што влијае на формирањето на синапсите во мозокот, што е мрежа помеѓу невроните.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author