https://www.flickr.com/photos/smallwhitebear/14065652603/in/photolist-nqW9tM-5BzrXR-6LyQj9-WiB8B3-8qKYC8-XYYzb4-6VLiyM-nepj5A-SQdkzA-onb1Ku-QMYfRf-V2EBhQ-gnDxNK-6RJD9t-XLqQj6-kocbWt-p6nDXr-xDLcYw-im3L3p-pvqmF3-81wDu7-sKTYrD-pZpubb-nntxdd-h1LQK5-81wDCd-i9LapW-MVbgJs-2aki5v1-ZpASfx-i9L9Vs-h1LDx3-g6KTqx-dQgdyV-2aki62b-h1JPfp-imEVoe-HfNjws-imEmD7-kj8aRz-eBkrkt-h1JKDB-i9KCbH-81ttt2-nfKu8u-rUKrgE-5s3sU6-h1LHcs-qDQeNu-sbLzLj

01.06.2023 Скопје

Претседателот на комисијата на украинскиот парламент на Врховниот совет за финансии, даночна и царинска политика, Данило Гетманцев, соопшти дека, државниот долг на Украина заклучно со 30 април изнесува 124,3 милијарди долари, што е нешто повеќе од 116 милијарди евра.

Данило Гетманцев во соопштението наведе дека учеството на надворешниот долг во структурата на јавниот долг е 66,9 отсто, додека пак пред почетокот на конфликтот со Русија изнесувал 60,9 отсто, а учеството на внатрешниот долг сега е 33,1 отсто, а пред конфликтот со Русија бил 39,1 отсто.

Украинскиот национален долг во април годинава се зголеми за 4,4 милијарди долари или 4,1 милијарди евра.

Подготвено од М.Н.

About Author