porodilno otsustvo docni isplatata

06.06.2023 Скопје

Исплатата на породилните отсуства, боледувања и грижата за туѓа нега каснат веќе 2 месеци. Мајките на социјалните мрежи бурно реагираат, а институциите пак си ја префрлаат одговорноста, иако официјален став нема ни од финансии, ни од Фондот за здравство.

Од Фондот за здравство велат дека парите треба да ги пушти Трезорот во министерството, а од финансии враќаат дека во трезор нема стигнато налози за исплата.

Неофицијално за овој проблем постојат две верзии, првата е дека во буџетот нема пари поради зголемените плати на функционерите, па затоа сега се крати од секаде, а втората верзија е дека сајтот на финансии бил хакиран, но министерот Бесими нападот го отфрлил како шпекулација.

Министерот Бесими изјави дека Трезорот функционира беспрекорно, 24/7, и дека сите системи функционираат, но понекогаш се прават проверки поради безбедност на базата на податоци.

Мајките кои се на породилно отсуство исплата добиваат во три групи, околу 10-ти, од 13 до 15-ти и од 23 до 25 последната, односно третата група.

Доцнење со исплата на породилното отсуство имаше и на почетокот на годината, кога беше хакиран сајтот на Фондот за здравствено одигурување.

Подготвено од М.Н.

About Author